Путин: Фала ѝ на Европа за санкциите

од Milan1

Владимир Путин и се заблагодари на Европа за санкциите што ги воведе кон Русија, нагласувајќи ги позитивните ефекти врз руската економија, која покажа виталност и успеа да ги обезбеди производите што дотогаш ги увезуваше.

Рускиот претседател тврди дека во гасоводот „Северен тек 2“ има доволно гас за веднаш да тече кон Европа, но се чека одобрение од енергетските регулатори од Германија.

Во Меѓународниот дебатен клуб во Сочи се разговараше и за други прашања од големо значење за Русија и нејзините односи со странство.

Путин ја обвини енергетската политика на Европската унија за актуелната енергетска криза и рекордно високите цени на горивото. Според него, Русија е подготвена да почне да испорачува гас за Европа преку „Северен тек 2“, веднаш штом добие зелено светло од Германија.

„Европејците мислат дека нивниот пазар е најпрестижен. Но, тоа не е. Дали разбирате? Не, затоа што такви се „премиум“ пазарите во Латинска Америка и Азија. Како што кажав, помножете 18,5 милијарди кубни метри гас со два, одземете девет милиони кубни метри што Американците и партнерите од Блискиот Исток не ги испорачаа во Европа и пресметајте ја загубата од 22,5 милијарди кубни метри поради намаленото производство. Тоа значи дека европскиот пазар може да се соочи со загуба од 70 милијарди кубни метри гас, што е многу“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Во првиот крак на гасоводот „Северен тек 2“ има 17,5 милијарди кубни метри природен гас – подготвен веднаш да протече. До крајот на годинава ќе бидат завршени сите технички договори на „Гаспром“ со европските партнери за почеток на комерцијални активности.

Цените на енергентите и климатските промени ќе бидат во фокусот на денешниот Самит на лидерите на Унијата во Брисел.

„Во моментов Европа нема план да обезбеди стратешки резерви на гас, како што има кога е во прашање нафтата. Треба да бидеме подобро подготвени за секогаш да знаеме колку гас имаме и какви се нашите капацитети. „Науката ни кажува да се свртиме кон јаглеродно неутрална, чиста економија“, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, пренесува РТС.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Џозеф Борељ, смета дека сегашниот раст на цената на енергијата е голема геополитичка игра која има своја социјална цена.

Рускиот претседател тврди дека за санкциите на Европската унија, вели дека отпрвин се плашел, но сфатил дека вкупниот ефект од казнените мерки за Русија бил многу добар. Особено во земјоделскиот сектор, кој во голема мера престана да се потпира на увоз, па извозот на руска храна на светскиот пазар веќе надмина 25 милијарди долари.

Слични содржини