Путин: Гранатирањето на Доњецк е варварска акција

од Nikola Popovski

Во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Нафтали Бенет во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин го насочил вниманието на, како што вели „варварската акција“ за гранатирањето на Доњецк. Разговорот е воден на иницијатива на израелската страна, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува агенцијата Тасс.

Забележано е дека продолжува размената на мислења за ситуацијата во врска со настаните во Украина.

Во тој контекст, Путин, како што пишува Тасс, го привлече вниманието на „новата варварска акција на украинската армија“ – денешниот ракетен напад врз централниот кварт на Доњецк, во кој има мртви.

Претходно денеска медиумите јавија за ракетен напад во регионот на Доњецк. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот загинале 20 лица, а девет се ранети. Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Ројтерс пренесува дека Кремљ нападот го опиша како трагедија и напад врз цивили, додавајќи дека „се чини дека лидерите на Украина издаваат наредби на украинската армија преку океанот“. Украина ги отфрли обвинувањата дека го извршила нападот.

По разговорите, Кремљ објави и дека Бенет го информирал Путин за неодамнешните контакти со лидерите на голем број земји за кризата во Украина.

Како одговор, Путин ги претстави своите оценки за преговарачкиот процес меѓу руските и украинските претставници, кој во моментов се одвива во формат на видео-конференција, пишува Тас.

Слични содржини