Путин играше хокеј: Се тестирав за антитела, одлични резултати (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин постигна неколку погодоци во хокеарски меч во аматерската лига, играјќи за прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирус, откако пред еден месец беше вакциниран против Ковид-19, пренесе Ројтерс.

Путин рече дека бил тестиран на антитела претходниот ден и дека резултатите биле одлични.

Во комплетна опрема за хокеј со бројот 11, рускиот шеф на државата играше пред публиката на свечениот натпревар организиран од аматерската Ноќна хокеарска лига во Сочи, на југот на Русија.

Лигата обединува поранешни sвезди на хокеј на мраз, бизнисмени и руски политичари, Путин повремено присуствува на настани на славни личности, а последен пат играше во декември 2019 година и постигна осум погодоци.

На денешната игра, меѓу другите, присуствуваа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, гувернерот Андреј Воробјев и некои хокеј sвезди во пензија, јави агенцијата ТАСС.

Тимот на Путин победи со 13: 9, а рускиот претседател постигна девет гола, пренесе Интерфакс.

Слични содржини