Путин: Одбраната на татковината е наша света должност кон нашите предци и потомци

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска по повод Новата година им се обрати на граѓаните опкружен со воени лица и истакна дека одбраната на татковината е света должност на Русите кон нивните предци и потомци.

Тој минатата година ја оцени како година на клучни настани кои ги поставуваат темелите на иднината и независноста и посочи дека Русите покажале храброст и достоинство и ги поддржале учесниците во специјалната воена операција во Украина, пренесе РИА Новости.

„Заедно градиме и создаваме. Главната работа е судбината на Русија“, рече Путин.

Тој додаде дека неговата земја никогаш нема да потклекне пред западните обиди да ја искористи Украина како алатка за уништување на Русија.

Слични содржини