Путин ѝ оддаде почит на бригадата што Украина ја обвини за злосторства во Буча

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин денеска и ја додели почесната титула „херојство“ на 64-та моторизирана бригада, која Украина ја обвини за учество во злосторствата извршени во Буча, во близина на Киев.

Според Кремљ, Путин потпишал декрет за доделување на бригадата „почесна титула Гарда за херојството и истрајноста, одлучноста и храброста на нејзините членови“.

„Умешното и одлучно дејствување на целиот персонал (бригада) за време на специјалната воена операција во Украина е модел на извршување на воената должност, храброст, решителност и висок професионализам“, напиша Путин во обраќањето до армијата.

Кремљ не наведува каде е сега бригадата и дали е распоредена за друга мисија.

Украинските власти ја обвинија руската армија, особено 64-та моторизирана бригада, дека извршила масакр врз цивили во Буча, кој беше откриен на 30 март по повлекувањето на руските војници.

Руските власти ги демантираа информациите и ги обвинија украинските власти и западните медиуми за организирање на масакрот.

Слични содржини