Путин потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија за 137.000 војници, со што нивниот вкупен број ќе изнесува 1.150.628 лица.

„Да се утврди официјалната бројност на вооружените сили на Руската Федерација на 2.039.758 лица, од кои 1.150.628 се војници“, се наведува во указот.

Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесе „Спутник“.

Слични содржини