Путин: Статусот на Нагорно Карабах ќе се одреди во иднина, засега статус кво

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека статусот на Нагорно Карабах ќе се одреди во иднина, а дека засега останува статус кво.

„Конечниот статус на Карабах не е решен. Ние се согласивме да го задржиме постојното статус кво, а што ќе се случи понатаму треба да одлучат идните лидери, учесници во тој процес“, рече шефот на руската држава, одговарајќи на прашањата на медиумите за состојбата во Нагорно Карабах.

Според Путин, доколку се создадат услови за нормален живот, за обновување на односите меѓу Ерменија и Азербејџан, меѓу луѓето, особено во зоната на конфликтот, тоа ќе создаде услови за утврдување на статусот на Нагорно-Карабах, пренесува ТАС С.

Претседателот на Русија истакна дека непризнавањето на Карабах како независна држава е без сомнение фактор што значително влијаеше на текот на настаните во регионот.

Путин потсети дека ниту Ерменија не го признавала Карабах.

Слични содржини