Путин тврди: „Знаеме каде Киев прави валкана бомба“

од Берта Китинска
179 прегледи

НЕМА никаква смисла Русија да користи „валкана бомба“ во Украина – оваа провокација ја подготвува Киев, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Не случајно објавивме информации од разузнавачките служби дека подготвувале инцидент со таканаречена „валкана бомба“. Дури и приближно знаеме каде се прави тоа. Мала промена на преостанатото нуклеарно гориво – технологиите што постојат во Украина го дозволуваат тоа – наполнете „точка U“ или друга ракета, разнесете ја некаде и кажете дека Русија извршила нуклеарен напад. Но, тоа не ни треба. За нас тоа нема никаква смисла – ниту политичко ниту воено – рече рускиот лидер на форумот за дискусија „Валдеј“.

Тој додаде дека лично му наложил на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, да стапи во контакт со неговите колеги од странство и да ги предупреди на заканата Украина да употреби „валкана бомба“.

– Сега велат дека Меѓународната агенција за нуклеарна енергија сака да дојде и да ги провери нуклеарните капацитети во Украина. Ние сме за. Ова треба да се направи што е можно поскоро и што е можно пошироко. Знаеме дека сега властите во Киев прават се за да ги прикријат трагите од подготовката. Работат на тоа, додаде Путин.

Слични содржини