Радман: Го поддржуваме членството на Финска и Шведска во НАТО

од Vladimir Zorba

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман денеска изјави дека Хрватска го поддржува потенцијалното членство на Финска и Шведска во НАТО, оценувајќи дека тоа ќе ја зајакне безбедноста и одбраната на Хрватска.

По разговорите со неговиот унгарски колега Петер Сијартo, Грлиќ Радман за новинарите на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб изјави дека сите членки на НАТО имаат таков став.

Шефот на хрватската дипломатија рече дека му се јавиле колегите од Шведска и Финска и им кажал дека ја поддржува нивната идна апликација како важен придонес за безбедноста на трансатлантскиот простор.

Слични содржини