Ракометот е во колапс

од Vladimir Zorba

Пандемијата на коронавирус финансиски влијаеше врз целиот спорт, вклучително и ракометот.

Според најновите информации што доаѓаат, најквалитетната лига во светот – германската Бундеслига – се соочува со големи проблеми.

Повеќето играчи од првата лига го имаат својот главен извор на приход од навивачите, кои, се разбира, нема да можат да ги поддржат своите миленици во салите некое време.

Следната сезона започнува на есен, а доколку нема навивачи на трибините, тоа би значело крај за многумина.

Таква е ситуацијата со Фуксе од Берлин.

„Разговаравме со двајца стечајни управници во врска со законските опции за вакво нешто. Исто така, размислуваме за исплата на играчите, но и да не бараме лиценца за настап во Бундеслигата. Ќе правиме тим од нула“, вели претседателот на овој клуб.

Состојбата не е подобра ниту во Полска, каде европскиот шампион од 2016 година – Киелце се соочува со проблеми.

Оттаму изгубија двајца големи спонзори, а претседателот на клубот побара помош од државата. Сепак, одговорот беше негативен, па доаѓаат тешки денови за славниот клуб.

Кога гледаме вакви примери во Европа, не треба да изненадува што многу големи, регионални клубови како што се Вардар, Металург, Загреб, исто така се во неволја.

Слични содржини