Ралповски: Јавниот сектор е клекнат на колена, многу луѓе го напуштаат

од Nikola Popovski

Радикализацијата се очекува кон средината на месецот, доколку нема конкретна понуда за нашите барања. Членството не турка се пожестоко. Даваме шанса на социјалниот дијалог, но очигледно тој не е суштински и тоа е резочарувачко за нас, вели претседателот на КСС, Благоја Ралповски во Дневникот на ТВ Сител.

Тој информира дека како Синдикат биле во МИОА, но ниту министерот или заменикот не биле присутни.

-Нашите барања ги кажавме многу пати, а тоа е покачување на бодот и проблемот ќе биде решен.

До 2017 година, се усогласуваа платите на јавниот сектор. После тоа, побаравме да го почитуваат законот за минимална плата. 2018 година првпат излеговме на протести. Очигледно дека од надлежните немаше слух за почитување на законите, што е нивна обврска. Ако Владата не ги почитува законите, можете да замислите што се случува во приватниот сектор, појаснува Ралповски.

Според него, потребна е голема сума на пари.

-Пратениците не реагираа при носењето на Буџетот. Очигледно немаше слух. Сега притисокот е толку голем. Јавниот сектор е клекнат на колена, многу луѓе го напуштаат. Луѓето се разочарани. Притисокот од инфлацијата е голем. Државата е во криза, но и работниците се во криза, рече претседателот на КСС.

Слични содржини