Рама: ЕУ не треба да држи како заложник никого во регионот

од Stefanija Kuzmanovska

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека ЕУ не треба да држи како заложник никого во регионот, вклучувајќи го и Косово, затоа што примиле вакцини од исток.

Тој го кажа тоа на заедничката прес-конференција со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, одговарајќи на прашањето за слободата на движење на Албанците во ЕУ вакцинирани со вакцини од исток, пренесува порталот „Albanian post“.

„ЕУ не треба да држи како заложник никого во регионот поради вакцината. Нема потреба да плаќаме за тестирање во ЕУ кога ќе ја примите вакцината. Не зборувам само за Албанците, туку и за Македонците, Црногорците, Бошњаците, целиот Балкан“, рече Рама.

Слични содржини