Капитенот на Шпанија Серхио Рамос го коментира претстојниот судир со Италија од осминафиналето на Евро 2016.
Актуелните европски шампиони завршија втори во својата група D, што им го определи за ривал токму составот на “азурите”, кои завршија први во групата Е. Дуелот ќе биде повторување на финалето од 2012 година, во кој Шпанците победија со 4: 0. “На осминафиналето ќе се соочиме против еден од фаворитите. Ако сакаш сепак да станеш шампион, треба да ги победиш сите “, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид. Средбата меѓу Шпанија и Италија ќе се одржи на 27 јуни на “Стад де Франс” во Париз.
Од другите двојки ќе играат
Швајцарија – Полска
Велс- Северна Ирска
Хрватска -Португалија
Франција- Ирска
Германија -Словакија
Унгарија – Белгија
Англија-Исланд.