Рангелова за Мицкоски: Доаѓа на ЦК со предлог за нов Извршен комитет, а пред тоа предлага на ЦК Конгрес кој истиот експресно му го одбиваат

од Vladimir Zorba

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова го прокоментира вечерашниот Централен комитет на партијата, каде според информациите лидерот Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие го одбиле предлогот.

Доаѓа на ЦК со предлог за нов Извршен комитет, а пред тоа предлага на ЦК Конгрес кој истиот експресно му го одбиваат. „Театарче Лево ќоше“, напиша Рангелова.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избира и новиот состав на Извршниот комитет.

Слични содржини