Ранѓеловиќ: ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе со свои поенти, а не да уценува и условува

од Nikola Popovski

Политикологот Иво Ранѓеловиќ смета дека доколку утре има избори, ВМРО-ДПМНЕ е фаворит.

-Легитимно е како партија таа да притиска за побрзи избори, иако сметам дека барањето за конкретен датум е не толку стратешки неумешно. Јас би рекол да му дозволите на СДСМ и владината коалиција да се истрча во некревање на ветото и да се трасира сигурноста на вашиот пат кон победата. Тоа е призмата на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, постојат глобални процеси, како што се економската, енергетската криза, војната во Украина, кои не можеме да ги препишеме на ниту една влада. Суштински ништо нема да се промени ако остане оваа власт или ако дојде нова. Стратешки би било многу помудро ВМРО-ДПМНЕ да почека до јуни за да види што ќе се случи со ветото, па после тоа да се впушти во една офанзива и би било политичко коректно, доколку викате лидерска средба да не навлегувате во условувања со датум за избори, туку да се истрчате со свои поенти. Со вакви уцени, премиерот не сака ни да седне, рече Ранѓеловиќ во емисијата „360“ околу актуелната политичка состојба во земјава.

Слични содржини