Рапер осуден на 10 години затвор откако ја застрела Меган Ти Сталион

од Stefanija Kuzmanovska

Канадскиот рапер Тори Ланез е осуден на десет години затвор затоа што ја застрелал американската хип-хоп ѕвезда Меган Ти Сталион.

Ланез ја застрела добитничката на Греми Меган Ти во нозете за време на кавга после забава во 2020 година.

Тој беше прогласен за виновен по три точки во декември и оттогаш е во затвор.

Поради пукањето, Меган Ти Сталион беше подложена на операција за отстранување на фрагменти од куршуми од стапалото.

Инцидентот се случил додека се враќале од забава организирана од ријалити ѕвездата Кајли Џенер.

Слични содржини