Разликите се огромни: Како жените даваат до знаење дека сакаат секс, а како мажите?

од Stefanija Kuzmanovska

Како сигнализирате дека сте за „врела“ акција?

Можеби ви се допаѓа директен пристап па едноставно лесно го бакнувате неговиот врат без да кажете збор. Секој има свои начини.

Сајтот за запознавање IllicitEncounters.com праша 2.000 свои корисници како иницираат сексуална игра и состави листа на најчести одговори од мажи и жени.

Треба да се има на ум дека оваа анкета е ограничена бидејќи на прашањата одговориле членовите на страницата што ги зближува луѓето, па нивните ставови можеби не се репрезентативни.

Дефинитивно, клучот е секогаш комуникацијата, па општ совет е да го прашате партнерот како би сакал да иницира и како вие да иницирате. Можеби увидот во најчестите одговори ќе ви даде навестување што да очекувате.

Како жените даваат до знаење дека сакаат секс

Долги сугестивни бакнежи и насмевки

Прашуваат: Дали ќе водиме љубов?

Носат провокативна долна облека

На својот партнер му праќаат секси фотографија

Нивната рака се лизга до меѓуножјето на партнерот

Се соблекуваат пред партнерот

Легнуваат голи, а најчесто спијат во пижами

Романтична вечер дома

Појадок во кревет

Како мажите даваат до знаење дека сакаат секс

Во кревет го галат телото на партнерката

Договораат секс со жешка порака во текот на денот

Романтична вечер дома со вино или шампањ

Ѝ шепотат „те посакувам“ на уво на партнерката

На партнерката ѝ подготвуваат топла купка

Ја бакнуваат долго време

Се соблекуваат пред партнерот

Појадок во кревет

Несериозно ја тапка по задникот

Слични содржини