Реал ги прекина преговорите, Мбапе не доаѓа во Мадрид!

од Nikola Popovski

Сагата за трансфер е прекината – Реал Мадрид се повлече од преговорите за Килијан Мбапе! Иако ова требаше да биде едно во серијата трансфери што ќе го одбележат летото, младиот француски фудбалер кој синоќа постигна два гола засега останува во Париз.

Шпанскиот тим мораше да се откаже од преговорите за напаѓачот, иако според информациите од Шпанија, биле подготвени да платат дури 200 милиони евра за неговата слобода ова лето. Тие би можеле да го добијат следното лето без надомест, кога ќе стане слободен агент.

Ексклузивни информации за деталите од преговорите дава добро информираното „Радио Монако“, кое тврди дека големиот човек од Мадрид се повлекол од преговорите бидејќи не успеале да најдат заеднички јазик со ПСЖ.

Флорентино Перез и неговиот тим прво се обидоа да ги убедат челниците на тимот од Париз со понуда од 160 милиони евра, а потоа и со понуда од 180 милиони и дополнителни бонуси, но и тоа не успеа. Откако не добија директен одговор на втората понуда, преговарачите од Мадрид одлучија да се повлечат и да не го испратат третиот предлог во Париз.

Договорот на Мбапе истекува следното лето и ПСЖ сакаше да ја продолжи соработката за уште неколку сезони, но …

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери има информации дека Килијан Мбапе одбил да го продолжи договорот со Парижаните! Иако 40 милиони по сезона би го направиле најплатениот фудбалер во светот, тој не се согласи да остане во Париз дури и следното лето, кога му истекува актуелниот договор.

Слични содржини