Реал Мадрид заинтересиран за Варан и Каземиро

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан и Каземиро би можеле да се вратат во Реал Мадрид по крајот на сезоната, пренесува британски Сан.

Варан (30) играше за Реал од 2011 до 2021 година, а потоа премина во Манчестер Јунајтед за 45 милиони евра. Францускиот фудбалер за клубот од „Олд Трафорд“ одигра вкупно 87 натпревари и постигна два гола.

Каземиро (32) во Манчестер Јунајтед пристигна во 2022 година од мадридскиот клуб за околу 80 милиони евра. Бразилскиот фудбалер за англискиот клуб настапи на 69 натпревари и постигна 11 голови.

Британски „Сан“ наведува дека раководството на Реал ја разгледува можноста да ангажира двајца играчи на Манчестер Јунајтед, кои на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот од „Олд Трафорд“.

„Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, одлучи да ги продаде Касемиро и Варан на крајот на сезоната. Тој сака клубот да врати дел од вложените пари во двајцата фудбалери“, пренесуваат британските медиуми.

Манчестер Јунајтед планира да бара отштета од околу 100 милиони евра за двајцата фудбалери. За Каземиро и Варан интерес покажаа и клубови од Саудиска Арабија.

Слични содржини