Реал му понудил нов договор на Бензема

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид му понудил на напаѓачот Карим Бензема да го продолжи договорот со клубот, објави во средата веб-страницата „Дифенса централ“.

Актуелниот договор на 34-годишниот стрелец со европскиот клупски шампион истекува следното лето. „Белите“ му понудиле да го продолжат договорот до крајот на сезоната 2023-2024.

Во последната кампања Бензема одигра 32 натпревари во Примера, постигнувајќи 27 гола и 12 асистенции. Французинот со Мадрид ги освои шпанското првенство и Лигата на шампионите.

Карим Бензема минатата сезона стана и најдобар стрелец во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Слични содржини