Реал најде замена за Бензема – „вишокот“ на Челси доаѓа на „Бернабеу“?

од Vladimir Zorba

Тимо Вернер дојде во Челси како едно од најголемите засилувања летото 2020 година во трансфер вреден околу 53.000.000 евра од Лајпциг, но не се прослави во изминатите две сезони.

Германскиот напаѓач одигра 56 натпревари во Премиер лигата и постигна 10 гола, премалку за играчот од светска класа за кој „сините“ сметаа дека е.

Јасно е дека 26-годишниот Вернер не се вклопува во стилот на игра на Челси, ниту пак ја сака Англија, па заминувањето е најдоброто решение за сите.

Во претходните денови напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус, а денеска шпанските медиуми тврдат дека Вернер е интересен за европскиот шампион Реал Мадрид.

Вернер во Мадрид би ја имал улогата на резерва за Карим Бензема, кој по заминувањата на Мајорал и Јовиќ има конкуренција само за место на теренот во Маријано Дијаз, ако момчето од Доминикана може да го сметаме за вистинска конкуренција за Бензема.

Во шпанските медиуми се споменува дека Еден Азар би можел да биде во стартниот тим следната сезона, но со доаѓањето на Вернер, Белгиецот би останал на крилната позиција, иако не му е чудно и да биде блиску до пртивничкиот гол.

Слични содржини