Реџепи за спорниот говор: Никогаш при здрав разум не би изјавил дека граѓаните можат без плата

од Nikola Popovski

„Жалам што одредени новинари се уште работат за дневна политика на одредени партии. Натписите од мојот вчерашен говор се нечовечки и нехумани. Такво нешто неам кажано“, изјави пратеникот од АА, Скендер Реџепи, после пишувањата во одредени медиуми дека неговата изјава била извадена од контект.

Според него, говорот е согласно ситуацијата во Собранието, согласно фактот дека тие како коалиција дале максимален допринос во работата на Собранието.

„За возврат добивме една блокада на еден закон за државата, каде што човечноста и хуманоста требаше да бидат во прв ред“, вели Реџепи.

Во однос на блокирањето на амандамните како одговор на блокадата на законот за државјанство има одредена категорија на бизнисмени кои јасно се придруваат кон нас и велат дека ние без помош на државата ќе истраеме уште еден месец, истакна Реџепи.

„Ова сум го рекол и свесен сум дека бизнисмените имаат вработени на кои треба да има дадат плата. Никогаш при здрав разум не би изјавил дека граѓаните можат без плата. Истотото го повторив и на прес конференција во Собранието. Медиумите на македонски јазик го извадија од контекст мојот исказ и го злоупотребија онака како што им одговараше“, повтори Реџепи.

Слични содржини