Рекорден број на смртни случаи од коронавирус во Русија за 24 часа

од Vladimir Zorba

Во Русија од коронавирусот починале 153 лица во последните 24 часа, што е најголем број на дневна основа од почетокот на епидемијата.

Во земјата починале вкупно 3.541 лица, објави денеска рускиот кризен штаб.

Регистрирани се 8.599 нови случаи на инфекција со вирусот, а 344 од почетокот на епидемијата.

Закрепнале 5.363 лица, или вкупно 113.299.

Федералната медицинско-биолошка агенција објави дека 29 соработници се заразени во Центарот за подготовка на космонаутите.

Слични содржини