Рекорден прилив на население во Германија, од Украина дури 1,1 милион

од Stefanija Kuzmanovska

Германија минатата година забележа најголем прилив на население по војната, а најголем број имигранти се бегалците од Украина, објави во вторникот Државниот завод за статистика во Визбаден.

„Во 2022 година, 1.462.000 луѓе повеќе имигрирале во Германија отколку што емигрирале, а најголемиот број, околу 1,1 милион, се државјани на Украина“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Забележлив пораст на имиграцијата повторно е забележан од Сирија (68.000), Авганистан (55.000) и Турција (49.000).

Во исто време, имиграцијата од земјите на Европската унија забави. Најголем број странци од Европската унија во 2022 година пристигнале од Романија (35.000), Полска (18.000) и Бугарија (13.000).

Слични содржини