Реновирани повеќе простории во Клиниката за дерматологија

од Ивана Рамаданова

Во Клиниката за дерматологија реновирана е дневната болница, дежурната соба на лекари, работната соба на медицински сестри, собата за изолација на пациенти и апартманот за пациенти. Голем дел од просториите се климатизирани, соопшти денеска Министерството за здравство.

Клиниката за дерматологија, како што наведува Министерството, реализираше низа активности за обезбедување повисок стандард за дијагностика, ефикасна и безбедна здравствена заштита, но и за подобрување на условите за пациентите и условите за работа на персоналот. Според Министерството, Клиниката е вистински пример за одговорно работење во интерес на пациентите.

Во изминатиот период, посочуваат од Министерството, Клиниката за дерматологија кадровски го зајакна својот тим со седум вработувања.

-Набавена е медицинска опрема, како дермоскоп, апарат за пресотерапија и лимфна дренажа, колор доплер апарат, апарат и алергени за ин витро дијагностика во алергологија. Клиниката за дерматологија во соработка со Биодерма-Македонија, ја отвори првата Школа за атопија во нашата држава, со цел едукација на пациентите со атопија, се наведува во соопштението на Министертсвото за здравство

Слични содржини