Рецепт: Пита со месо подобра отколку од пекара

од Vladimir Zorba

Ако сакате да ја заобиколите пекарата, не затоа што сте на диета, туку затоа што сакате сами да го приготвите она што се нуди во неа, еве одличен рецепт за пита со месо, подобра отколку да излезете даја купите.

Потребно е:

500 гр кори
400-500 гр мелено месо
1 голем кромид
Сол
Бибер
200 мл кисела вода
Масло

Подготовка:

На масло пропржете ситно сечкан кромид, па додадете го месото и динстајте околу 15-20 минути. Додадете сол и бибер.

Плех од 24 сантиметри премачкајте го со масло, додајте ја првата кора на дното, а делови од кората треба да поминат преку работ на плехот. Кората и месото поделете ги на три дела и оставете малку кора за покривање.

Првата кора што ја гужваме се попрскува со масло и кисела вода, следната кора ја гужваме и потоа ја прскаме со масло и кисела вода.

На петтата кора ставаме третина од месото.

Ја повторуваме процедурата три пати.

Последната кора извиткајте ја од сите страни, премачкајте со масло и попрскајте со вода.

Се пече на 220 степени околу 45 минути. Исечете додека е топла. Послужете со јогурт или кисело млеко.

На здравје!

Слични содржини