[РЕЦЕПТ] Зачинети ракчиња со пиперки

од Vladimir Zorba

Состојки:
400 г исчистени ракчиња
700 г црвени пиперки
1-2 чили пиперки
лажица соја сос
1 чешне лук
масло
сол, бибер по вкус537fedef3b80bdef5ceb3b2adffddcb7

Подготовка:
Во добро загреана тава ставете масло. Потоа додајте и исчистени ракчиња. Потребна е  околу минута од двете страни. Откако ќе се подготвени, може да ги извадите од тавата.

Потоа ставете во неа повторно малку масло. Додадете исечени црвени пиперки, чили, лук и соја сос. Кога пиперките ќе поомекнат ставете ракчиња и гответе уште 2-3 минути.

Слични содржини