Rivian губи 33.000 долари по произведено возило

од Vladimir Zorba

Започнувањето на производство на автомобили не е лесно. Има низа логистички проблеми, но и финансиски. Американскиот производител на електрични автомобили Rivian губи 33.000 долари на секое продадено возило.

Новиот извештај на The Wall Street Journal открива дека Rivian сака драматично да ги намали трошоците за производство за своите електрични возила R1T и R1S. Американскиот производител на автомобили се надева дека ќе ги намали трошоците за производство за дури 40.000 долари по возило. „Ривијанците“ просечно се продаваат за повеќе од 80.000 долари. Сепак, нивното производство е толку скапо што создаваат големи загуби, велат од „ХАК“.

WSJ додава дека загубите изеле огромни 18 милијарди долари во готовина за само две години. Тие пари Rivian ги собра од инвеститори. Голема причина за минусите е намалениот капацитет на фабриката во Нормала (Илиноис) и трошокот што фабриката го плаќа за некои делови. Сепак, производството на локацијата сега се зголемува, а WSJ известува дека основачот и извршен директор брза да ги намали трошоците дополнително.

Аналитичари предупредуваат дека намалувањето на трошоците можеби нема да биде доволно за да се исполни целта на Rivian да стане профитабилна до крајот на 2024 година. Аналитичарот на Wells Fargo, Колин Ланган, рече дека производителот на автомобили ќе мора да ги зголеми цените и предложи просечна цена од 96.000 долари по возило.

Слични содржини