Роберто Карлос меѓу кандидатите за селектор на Косово

од Nikola Popovski

Косовската репрезентација остана без селектор, а во приштинските медиуми се појавуваат пет имиња кои би можеле да ја преземат оваа функција. Најпознат меѓу нив е секако легендарниот Роберто Карлос.

Наводно се водат преговори со сите кандидати, а Карлос би можел да се врати на тренерската позиција по шестгодишна пауза.

Последен пат работел во Делхи Динамос од Индија во 2015 година.

Сепак, мислењата се поделени дали Бразилецот треба да го преземе кормилото на националниот тим бидејќи се смета дека нема доволно искуство.

Како што пренесува „КОХА“, најблиску до клупата до Косово во овој момент е словенецот Примош Гилха.

Заедно со него, се споменуваат и имињата на Валтер Зенга, поранешен тренер на Црвена Звезда и Џани де Биази, уште еден познат италијански фудбалер, и Феликс Магат.

Бразилецот стана светски познат во Реал Мадрид, каде што постигна 47 голови на 370 натпревари, од кои некои беа навистина спектакуларни.

Токму затоа фотографијата на Роберто Карлос, направена при една посета на Приштина, повторно е актуелна на Твитер.

Косово е на последното место во групата Б од квалификациите за СП, лидер на групата е Шведска, а потоа следуваат Шпанија, Грција и Грузија.

 

Слични содржини