Рочиштето за Жан Митрев одложено за 2 октомври

од Vladimir Zorba

Рочиштето за „Жан Митрев“ насрочено за 4 септeмври се отповикува бидејќи обвинетиот Жан Митрев е спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, информираат од Основен кривичен суд – Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ насрочена за 04.09.2023 година, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да до судот е доставен поднесок со прилог медицинска документација дека обвинетиот Ж.М. е објективно спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, стои во соопштението од Кривичен суд.

Како што дополнуваат, расправата ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 2 октомври 2023 година во 12 часот.

Слични содржини