Роналдо до мај ќе ја донесе конечната одлука: Претстои ли кам бек во Реал Мадрид?!

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе одлучи за иднината на клубот до мај, пред крајот на сезоната, со цел да му помогне на управата да го испланира летниот преоден рок.

Договорот на Роналдо со црно-белите истекува во јуни 2022 година, а шпанските медиуми објавија дека Португалецот може да се врати во Реал Мадрид во текот на летото.

Како што објави Тутоспорт, Роналдо ќе ги извести претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Паратичи за неговите намери пред мај.

Португалецот ќе го стори тоа пред мај, бидејќи клубот сака да започне со планирање потези во претстојниот преоден рок и мора да знае дали може да смета на еден од најдобрите играчи во светот.

Со можни пари од трансферот и без обврска за исплата на платата на Роналдо, Јувентус би бил во добра позиција во преодниот рок, но се очекува 36-годишниот фудбалер сепак да остане во Торино до крајот на договорот .

Португалецот, наводно, е заинтересиран да остане во клубот и да помогне во плановите.

Освен Реал, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Роналдо, но тешко ќе го донесат поради кризата предизвикана од пандемијата.

Слични содржини