Роналдо испрати потпишан дрес за малиот Гаврило

од Stefanija Kuzmanovska

Најпознатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо испрати потпишан дрес на Јувентус, а компанијата „Моцарт“ веднаш го стави на аукција. Приходот од аукцијата ќе биде исплатен за лекување на малиот Гаврило Ѓурчевиќ.

Аукцијата е поставена во „Лимундо“ со почетна цена од еден милион српски динари.

Со помош на фудбалски менаџери од спортската агенција „ЛИАН“, Никола Дамјанац и Рамадани, компанијата „Моцарт“ успеа да стапи во контакт со Роналдо и да го покани да се вклучи во акцијата.

Слушајќи дека случајот со „капитенската лента“ има добар хуманитарен одговор, Роналдо решил уште еднаш да придонесе за лекување на малиот Гаврило. Тој испратил дрес со потпис, со порака: „Para Gavrilo! Pela vitoria de Gavrilo!“

Да потсетиме, Гаврило Ѓурчевиќ има осум месеци и страда од мускулна атрофија на ‘рбетниот столб, а за неговото лекување треба да се соберат околу милион евра.

По хуманиот гест на еден пожарникар, кога ја зеде капитенската лента на Роналдо и ја искористи за да му помогне на бебето, продолжија да следуваат хуманитарни аукции.

Целта беше постигната да се разбуди општествено одговорната свест кај поединци, организации и компании.

Слични содржини