Роналдо останува во Манчестер Јунајтед и бара засилување

од Vladimir Zorba

Роналдо ги пропушти поголемиот дел од подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона, а некои медиуми објавија дека португалскиот фудбалер наводно побарал да го напушти клубот од Олд Трафорд бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите.

Неговиот менаџер Жорже Мендеш го понудил својот клиент на Челси, Атлетико, Баерн, Милан, Интер и Дортмунд, но ниту еден клуб не бил заинтересиран да го ангажира еден од најдобрите фудбалери во светот.

Британските медиуми пренесуваат дека извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд го посетил Роналдо во неговиот дом во Манчестер и го уверил дека „црвените ѓаволи“ ќе ангажираат неколку играчи до крајот на преодниот рок за да го направат клубот конкурентен во Премиер лигата.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Касемиро е на прагот да се пресели во Манчестер Јунајтед, а Роналдо наводно го „одобрувал“ овој трансфер. На листата на желби на англискиот клуб се и Јаник Караско од Атлетико, фудбалерот на ПСВ Коди Гакпо и Антони од Ајакс.

Манчестер Јунајтед ја отвори сезоната во Премиер лигата со два порази од Брајтон (1:2) и Брентфорд (0:4).

Слични содржини