Роналдо руши рекорди и на интернет: Му успеа и ова

Кристијано Роналдо стана првата личност на светот која на Инстаграм има повеќе од 200 милиони следачи.

Според многумина тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а има изградено база на фанови во сите делови од светот. Португалската ѕвезда стана фудбалска икона благодарение на достигнувањата во Манчестер, мадридскиот Реал и Јувентус, а сега стана и првата личност со 200 милиони фанови на Инстаграм

Оваа сезона петкратниот освојувач на Златната топка во италијанската лига во 18 натпревари забил 17 гола. Роналдо се надева на освојување на Лига на шампионите со Јувентус.

Роналдо е и најдобар стрелец на УЕФА натпреварите со 171 гол, беше и прв играш кој запишал 100 победи во Лигата на шампионите, а тоа се само дел од неговите рекорди на кои сега им се придружи и рекордот „крал на Инстаграм“.

На второ место најследени ѕвезди на Инстаграм се наоѓа Ариана Гранде со 173 милиони следачи, додека на третото место е Двејн Џонсон со околу три милиони помалце од неа.

Слични содржини