Роналдо се пресели од вила скапа 6 милиони поради овци

од Vladimir Zorba

Само 23 дена откако се пресели во вила вредна шест милиони фунти, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо одлучи да се пресели во двојно поевтина!

Британските медиуми пишуваат дека Роналдо избрал вила од три милиони фунти, која е во сопственост на поранешниот фудбалер на Јунајтед, Енди Кол, а причината за неговиот потег наводно се …овци.

Имено, Роналдо имаше огромен имот кој „се граничел“ со државното земјиште на кое речиси секое утро престојувало стадо овци, и кое ги будело Португалецот и неговото семејство со гласни звуци.

– Роналдо е професионалец кој придава големо значење на одморот, и одлучи дека е најдобро да се пресели – цитира „Сан“ извор близок до играчот.

Новата куќа се наоѓа во Чешир, место оддалечено околу 50 минути од Манчестер. Има базен, кино сала, седум спални соби, четири гаражи, безбедносни камери и електрични порти што ја олеснуваат работата на безбедноста. Има и големи градини.

Медиумите пишуваат и дека Роналдо едвај чека конечно да се „вдоми“ за да може да излезе со Џорџина во Манчестер и да и ги покаже своите омилени локации.

Слични содржини