Роналдо во Реал? Перез одговори кратко и јасно

од Nikola Popovski

Сезоната започна, а Кристијано Роналдо се уште е трансфер тема! Според пишувањата на некои медиуми од Англија, тој прави се за да го напушти Манчестер Јунајтед, а некои се интересираа дали е можно да се врати во Реал Мадрид.

Претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез беше снимен од фановите на Реал како проплетно одговараше на неколку прашања, а едно од нив беше дали планира да го врати искусниот Португалец во тимот.

„Да го донесеме Роналдо? Пак!? Па, тој има 38 години“, рекол зачудено Перез.

Не е тајна дека односот помеѓу Перез и Роналдо не беше баш најдобар ниту кога Португалецот беше главната алка во тимот, а сега е јасно дека Флорентино едвај чекаше Кристијано да се најде во тешка ситуација.

Тој не сака да игра во тим кој не само што не е кандидат за освојување на Лигата на шампионите, туку не ја игра, но малку клубови се подготвени да го доведат. Роналдо на стартот од Премиер лигата не беше ниту стартер, туку влезе од клупата во поразот од Брајтон.

Фото: PROFIMEDIA

Слични содржини