Роналдо за непристојниот гест: „Нема од што да се срамам, во Европа сме навикнати на тоа“

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Ал Насер, Кристијано Роналдо го објасни својот непристоен гест по победата над Ал-Шабаб (3:2) во 21. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

„Ги почитувам сите клубови. А движењето во овие снимки изразува сила и победа и нема ништо срамно во тоа. Ние во Европа сме навикнати на тоа“, изјави Роналдо за Al-Riyadiah.

На интернет се појави видео од 39-годишниот Португалец кој покажува непристоен гест кон навивачите по победата на Ал-Наср. Беше објавено дека дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Саудиска Арабија ќе го казни напаѓачот.

Оваа сезона Роналдо одигра 29 натпревари за Ал-Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и 11 асистенции.

Слични содржини