Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство

од Nikola Popovski

Пораешниот германски државен секретар за Европа, а сега само пратеник, Михаел Рот побара да има реципроцитет во однос на малцинствата во двете змеји, односно како што Македонија признава бугарско малцинство, така и Бугарија треба да го признае македонското малцинство.

-Многу добро што се среќаваат новите шефови на влади на Бугарија и Северна Македонија! Како што Македонија го признава бугарското малцинство во Македонија, така и официјална Софија мора конечно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Пред два дена бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека никогаш тој или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата.

-Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

Слични содржини