Рот на разговори во Скопје

од Nikola Popovski

По специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, денеска во Скопје ќе престојува и претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот, како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Северна Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ. Рот во 16:15 часот ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

После средбата, во 16:45 министерот Османи ќе има заедничка прес конференција со Рот.

Според агендата, Рот ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претставници на Владата и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Предвидено е да учествува на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ на кој се поканети парламентарци и претставници на стручните служби на парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент.

Слични содржини