Рот: Уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со ЕУ

од Берта Китинска

ЕУ треба да го засили присуството во Северна Македонија, но и уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со Унијата, смета пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика,Михаел Рот кој е во посета на Скопје.

Рот изрази задоволство што е тука повторно, особено како што кажа, во овие тешки времиња кога може да почуствува фрустрација и разочараност од ЕУ.

-Тоа е наша обврска на политичарите од ЕУ и од Германија да ги охрабриме Македонците и Македонките да го направат следниот чекор во правецот на ЕУ и да знаат дека тоа навистина вреди, рече Рот во изјавата за медиумите по средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Германскиот пратеник рече дека земјава вложи многу на патот кон ЕУ и токму сега Унијата има обврскада биде поприсутна во Северна Македонија, да биде повидлива, повеќе да се ангажира, да обезбеди перспектива и повеќе работа за младите за да знаат дека вреди.

-Затоа е сега многу важно уште еднаш да се предочи и да биде јасно дека ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира ЕУ, рече германскиот пратеник Рот.

Слични содржини