Рубљата на највисоко ниво во последните 2 години во однос на доларот и еврото

од Vladimir Zorba

Руската рубља денеска скокна во однос на доларот и еврото на највисоко ниво во последниве две години, поддржана од строги мерки за контрола на капиталот, откако Европската унија предложи нов пакет санкции против Русија поради настаните во Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи постепено укинување на увозот на руска нафта во рок од шест месеци, затворање на руската банка Себербанк, од системот SWIFT и забрана на некои руски медиуми да емитуваат програма во Европа за да се зајакне изолацијата на Москва.

Во тргувањето во Москва до 8:43 часот по средноевропско време, рубљата зајакна 2,0 отсто во однос на доларот на 69,53 рубљи, откако во раните утрински часови достигна 68,6250 рубљи за долар, највисоко ниво од јуни 2020 година, пренесе Ројтерс.

Слични содржини