Русија: Подготвуваме одговор за Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Москва подготвува одговор за Западот за воведувањето на ограничувањата на руската цена на нафтата, а едно е очигледно – нема да ја признае таа одлука, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одлуките се подготвуваат, но, се разбира, едно е очигледно – нема да признаеме никакви горни граници (цените на нафтата)“, рече Песков.

Нафтените санкции на Западот стапија на сила во понеделникот. Европската унија престанува да купува руска нафта што се транспортира по морски пат, а земјите од „големата седумка“, Австралија и Европската унија воведуваат ограничување на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од 60 долари за барел.

Песков посочи дека воведувањето на граничната цена на нафтата нема да влијае на финансирањето на специјалната воена операција и дека руската економија има потенцијал да ги задоволи сите свои потреби.

Слични содржини