Русија пробно ќе ја лансира хиперсоничната ракета „циркон“

од Stefanija Kuzmanovska

Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која во моментов е на долго тренинг патување, ќе изврши пробно лансирање на хиперсоничната ракета „циркон“ за време на заедничка вежба со јужноафриканската и кинеската морнарица, изјави извор близок до руската одбранбена индустрија за ТАСС.

Изворот нагласи дека тоа ќе биде прво лансирање на „циркон“ за време на заедничките вежби на трите земји, наведувајќи дека проектилот треба да погоди површинска цел лоцирана на оддалеченост од повеќе од 500 километри.

Патувањето на оперативната група, која ја сочинуваат фрегатата „Адмирал Горшков“ и поморскиот танкер од средна класа „Кама“, започна на 4 јануари.

Слични содржини