Русија: Украинскиот конфликт стана долготраен, сите прогнози за крајот се неверодостојни

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот конфликт стана долготраен и сите прогнози за тоа кога ќе заврши се неверодостојни, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Михаил Галужин.

Галужин посочи дека предусловите поставени од Украина и Западот не можат да бидат основа за конструктивен разговор.

Во интервју за ТАСС, Галужин потсети дека Западот е решен да обезбеди целосна и безусловна победа на Киев со сите нови региони на Русија – Доњецкaта и Луганската Народни Републики, како и регионите Херсон и Запорожје, како и Крим да бидат вратени на Украина.

Слични содржини