Русија и Србија формираа „Работна група за борба против обоените револуции“

од Vladimir Zorba

Русија и Србија формираа „Работна група за борба против обоените револуции“ во најстрога тајност, со задача да спречува масовни демонстрации и постојано да ги следи опозициските активисти, невладини организации и независни новинари, пишува „Директно“. Ова се случило при посетата на српскиот министер за полиција, Александар Вулин во Москва на 3 декември годинава.

Сè започна на 14 мај 2020 година, кога министерот за одбрана Александар Вулин престојуваше во Москва и се сретна со повеќе руски претставници, меѓу кои и Николај Патрушев, секретар на Советот за национална безбедност на Руската Федерација, пишува порталот.

Имено, врз основа на руски инструкции веднаш по средбата во Москва, на крајот на мај 2020 година, властите во Србија започнаа јавен прогон на новинари и активисти на невладини организации против кои, според документот објавен на 20 јули 2020 година, Управата за спречување перење пари покрена постапка за перење пари и финансирање на меѓународен тероризам, јавува Директно.

На списокот се: меѓу другите – НУНС, УНС, ЦИНС, БИРН, КРИК, ЦРТА, Здружението на локални и независни медиуми, Новисадската школа за новинарство. Европско движење во Србија, Фонд за хуманитарно право, Граѓански иницијативи, Граѓански центар во Војводина, Младинска иницијатива за човекови права, Биро за социјални истражувања (БИРОДИ), Комитет на правници за човекови права (Јуком), Центар за евроатлантски студии (ЦЕАС), Центар за меѓународна соработка и одржлив развој, Центар за владеење на правото, Белградски Центар за безбедносна политика, Белградски центар за човекови права, ЛИБЕК, КАНВАС, Национална коалиција за децентрализација, Хелсиншки комитет за човекови права, тврди Директно.

Слични содржини