Русија ја демантираше веста за можна вмешаност на Навални во размената на затвореници со западните земји

од Vladimir Zorba

Русија денеска го демантираше извештајот на американски весник за можна размена на затвореници меѓу Москва и западните земји, во која би биле вклучени и затворени дисиденти како опозиционерот Алексеј Навални.

Волстрит журнал (WSJ) оваа недела објави, цитирајќи западни претставници, дека е можен „мултилатерален договор“ за размена на затвореници меѓу Русија и западните земји и дека може да биде вклучен и Навални.

„Не можам ни да замислам каде WSJ ја нашла таа информација“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Тоа е шпекулација за која не треба ниту официјално да се коментира ниту да се разговара неофицијално“, рече таа, пренесоа руските новински агенции.

Американскиот весник наведува дека Русија се обидува да го ослободи Вадим Красиков, кој беше осуден на доживотен затвор во Германија за убиство на чеченски опозиционер во 2019 година во парк во Берлин.

Според германскиот суд, убиството било нарачано од Москва, што Русија го негира.

Волстрит џурнал наведува дека Москва го наметнала ова прашање за време на разговорите за размена на затвореници, во време кога Вашингтон ги интензивира напорите за ослободување на американскиот новинар на Волстрит журнал Еван Гершкович и поранешниот американски маринец Пол Вилан од Русија.

Еван Герскович е во притвор од 29 март и е обвинет за шпионажа, што тој и неговиот весник го демантираат. Пол Вилан беше осуден во 2020 година на 16 години затвор за шпионажа.

Слични содржини