Русија од денеска повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права

од Stefanija Kuzmanovska

Руската Федерација од денеска повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, согласно Резолуцијата на Советот на Европа, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права.

Во соопштението се потсетува дека Резолуцијата за престанок на членството на Русија во Советот на Европа беше усвоена од Советот на министри на 16 март.

На 5 септември, пленарната седница на Судот формално го зеде предвид фактот дека Русија престанува да биде договорна страна на Конвенцијата.

Слични содржини