Русија официјално ја напушта Светската туристичка организација

од Vladimir Zorba

Руските власти синоќа соопштија дека земјата официјално се повлекува од Светската туристичка организација, од која беше исфрлена во април поради инвазијата на Украина.

Владата „го прифаќа предлогот на Министерството за надворешни работи на Русија за повлекување на Русија од Светската туристичка организација“, се наведува во указот потпишан од премиерот Михаил Мишустин.

Светската туристичка организација, агенција на ОН одговорна за промовирање на туризмот со седиште во Мадрид, на 27 април соопшти дека ја исклучува Русија поради нејзината инвазија на Украина, за која верува дека е спротивно на нејзините вредности.

Поради конфликтот во Украина, Русија е се поизолирана на дипломатската сцена. Земјата е исклучена од Советот за човекови права на ОН, додека западните земји и воведоа строги економски санкции.

Слични содржини