Русија: Откривме шпионска активност на над 30 странски авиони

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 30 странски авиони и пет дронови беа регистрирани минатата недела во близина на државните граници на Русија додека снимаа.

Ова е објавено вобилтенот на руското Министерство за одбрана „Красна звезда“.

Инфографик покажува дека 33 шпионски авиони и пет беспилотни летала го снимале воздушниот простор долж руската граница во претходните седум дена, објави ТАСС.

Сите летови на странски шпионски авиони биле следени од руската радарска служба, а „Красна звезда“ додаде дека не е дозволен влез во рускиот воздушен простор.

Слични содржини