Русија развива интраназална вакцина против Ковид 19?!

Специјалисти на истражувачкиот институт за грип „Смрододинцев“ на руското Министерство за здравство развиваат друга вакцина против коронавирус, а првичните резултати се очекуваат во блиска иднина, најави министерот Михаил Мурашко.

„Институтот за истражување на грип Смородинцев има висок научен потенцијал и таму во моментов се развива друга вакцина против новиот коронавирус.

– Првите прелиминарни резултати ги очекуваме во блиска иднина – рече министерот, пренесува ТАСС.

Агенцијата наведува дека директорот на институтот, Дмитриј Лиознов, им изјавил на новинарите дека вакцината, наменета за интраназална употреба, е направена врз основа на вирусот на грип.

– Ова е слична технологија со вакцината Спутник V, но во овој случај се користи вирусот на грип. Клиничките испитувања се планирани за наесен, а вакцината ќе биде достапна најрано во текот на зимата или следната пролет – потенцираше Лиознов.

ТАСС пренесува дека директорот на Институтот исто така изразил надеж дека нивниот производ ќе го користи не само населението во Русија, туку дека ќе помогне да се заштити од вируси во други земји низ светот, пренесува Ал Џезира.

loading...

Слични содржини